КЈУБИ МАКЕДОНИЈА / Профил на компанијата

Акционерско друштво за осигурување и реосигурување Кјуби Македонија, Скопје - Филијала

Кјуби стапи на пазарот во Македонија во 2000 год. кога стана мнозински акционер во осигурителната компанија АДОР “Македонија”-Скопје.

Кјуби Македонија е водечки осигурувач во земјата и ја извршува дејноста преку својата Генерална дирекција во Скопје и повеќе експозитури низ целата територија во земјата.

Нашата компанија е ефикасна, фокусирана и финансиски стабилна компанија со големо познавање на домашниот пазар и со посветеност кон развивање на производите и иновации на услугите.

Компанијата обезбедува широк спектар на врвни решенија за осигурување и реосигурување насочени кон задоволување на потребите на деловните субјекти, големи корпорации, мали и средни претпријатија како и осигурувања за физички лица и домаќинства.

Нашиот тим е ангажиран за развој на имотните осигурувања, осигурување на последици од незгода, патничко осигурување, како и потрадоционалниот дел на осигурување моторни возила. Посебно се актуелни нашите деловни пакети и пакетот за семејства.

Посветени сме на ефикасно и проактивно работење со нашите агенти, брокери и другите партнери во процесот на осигурување, обезбедувајќи распространета мрежа и достапност на нашите производи до крајните корисници.

Преку постојан развој на производите и обезбедување на финансиски супериорна и квалитетна услуга при штетен настан остануваме Ваш прв избор за осигурување.

Прес објави
QBE ОБЈАВУВА СИЛЕН РЕЗУЛТАТ ЗА ДЕЛОВНАТА 2008 125 Kb
УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ЗА ЛИДЕРСТВОТОНА КЈУБИ МАКЕДОНИЈА 121 Kb

Наши рекламни пораки
Овде можете да ја видите нашата реклама за Семејниот пакет.

Извештаи
2008 report
QBE Annual Report- 2007
(Macedonian pdf 1,434 kb)

QBE Annual Report- 2006

(Macedonian - pdf 4,383 kb)

QBE Annual Report- 2005

(Macedonian - pdf 4,383 kb)

Документи и формулари
Формулари 99 Kb

 

QBE Makedonija

11 "Oktomvri" 25
1000 Skopje
Macedonia

tel + 389 (0)2 3115 188
fax + 389 (0)2 3114 020