КЈУБИ МАКЕДОНИЈА / Моторни возила

Осигурување од автомобилска одговорност

Осигурувањето од автомобилска одговорност (АО) е законски задолжително осигурување за сите сопственици на моторни возила. Оваа полиса ја приложувате како документ при годишната  регистрација на Вашето возило.
 
Со оваа полиса е осигурена Вашата одговорност за штети кои со Вашето возило може да ги направите на "трети лица"односно учесници во сообраќајот. Во предвидени осигурени случаи Кјуби Македонија ја превзема одговорноста за надомест на штета кон "трети лица".
 
Правата и обврските по оваа полиса се согласно Условите за осигурување од автомобилска одговорност. Нив ќе ги добиете при купувањето на полисата која е достапна во сите наши канцеларии низ Македонија, на продажните места на нашите овластени дистрибутери и брокери и од нашите агенти за осигурување кои полисата ќе ја донесат на вашето работно место, дома односно како ќе одберете.
 
Како клиент со наша полиса за АО ако патувате со Вашето возило во странство треба да имате и наша Зелена карта. Таа е полиса што ја осигурува вашата одговорност како возач на вашето возило во странски земји.
 

Документи

Условите за осигурување може да ги симнете и тука

Овде може да ја погледнете нашата брошура за АО
 
 
Моторни возила

QBE Makedonija

11 "Oktomvri" 25
1000 Skopje
Macedonia

tel + 389 (0)2 3115 188
fax + 389 (0)2 3114 020