|
КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВАТА
Осигурувањето е неопходен дел од нашите животи. Ние сите имаме потреба да бидеме сигурни дека сме се заштитиле себе си, нашето семејство, нашите блиски и работите што ги поседуваме во случај нешто да тргне како што не треба.
Пакетот за Комбинирано осигурување на семејствата, исклучително поволна понуда за нашите клиенти.
ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОМОТ
Кога станува збор за нашите домови, имаме различни потреби, затоа оваа понуда е прилагодлива. Може Ви е потребно осигурување само на објектот, само на покуќнината или можеби и на едното и на другото. Ако сакате да вклучите и некои вредни предмети, имате викендичка или живеете како потстанар, ние имаме решение и за тоа. Вашиот дом ќе биде заштитен независно дали сте дома или на пат, од непогодите што ги носи природата и што може да ни се случат.
Основно осигурување:
- Пожар
- Гром
- Експлозија
- Луња во смисол на ветер со брзина поголема од 62 км / час
- Град
- Удар на возило
- Вандализам, злонамерна штета
- Штети од излевање на вода од прснати инсталации во станбени објекти
- Летала (осигурувањето ги покрива и штетите настанати од објекти испаднати од леталата)
Дополнително осигурување:
- Земјотрес
- Поплава, порои и високи води (поради силни атмосфрески врнежи)
- Слегнување на земјиште, како последица на природна појава
- Снежна лавина
- Одговорност кон трети лица
ОСИГУРУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛОТ
Можеби само што сте купиле ново возило, некој во Вашето семејство штотуку земал возачка дозвола, па сакате да го осигурате Вашиот автомобил. Можеби сакате да го обновите Вашето каско осигурување, а време е и за редовна регистрација на возилото.
Што и да Ви е потребно, ние можеме да Ви обезбедиме осигурување за достапна цена , брзо и едноставно.
- Сообраќајна незгода (превртување, судар, удар, лизгање, урнување и сл.)
- Паѓање на некој, или удар од некој предмет
- Пожар
- Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство
- Удар од гром
- Експлозија
- Луња, град, снежна лавина
- Паѓање на воздушни летала
- Манифестации и демонстрации
- Злонамерни постапки или обест од трети лица
- Кражба, противправно одземање на возилото и разбојништвото со важност во Р. Македонија, останатите европски земји и Р. Бугарија;
ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВОТО
Со ова осигурување може да договорите осигурителна заштита за сите членови на семејството, независно од возраста од несреќен случај кој како последица може да предизвика:
- Смрт од болест
- Смрт од незгода,
- Трајна загуба на општата работна способност (инвалидитет)
- Влошено здравје кое бара лекарска помош (трошоци за лекување)
- Преодна неспособност за работа (дневен надомест)
ЗОШТО ДА КУПИТЕ СЕМЕЕН ПАКЕТ?
Убедени сме дека најголемата вредност на овој пакет е што нуди осигурување на:
- Вашата инвестиција во домот и подвижниот имот ако тие се оштетат од некои од опфатените ризици
- Вашата одговорност кон трети лица, доколку со својот осигурен имот направите штета кон нив;
- Каско осигурување на моторните возила
- Непланираните трошоци коишто може да произлезат од последици на незгода на некој од членовите на семејството
ПОПУСТИ
Ова е економична полиса за куќата, станот, викендичката, автомобилот, членовите на семејството со максимум попусти.
Во зависност од тоа дали ќе одберете два или три вида осигурување во комбинација покрај многуте попусти по видовите поединечно, добивате екстра попусти за пакет осигурување;
- За 2 вида осигурување 10% попуст на вкупната премија
- За 3 вида осигурување 12,5% попуст на вкупната премија
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Премијата може да ја платите во готово и да добиете 5% попуст. Или да одберете плаќање на рати, до максимум 12 рати, без камата.
ШТО Е ВАЖНО ДА ЗНАЕМЕ ЗА ДА ВИ ОБЕЗБЕДИМЕ ОСИГУРУВАЊЕ
1. За објекти
- Локацијата
- Старост на објектот
- Градежен материјал
- Градежната вредност на објектот
- Колку време објектот е ненаселен
- Дали е викенд куќа
- Дали имате бонус од претходно осигурување
- Дали имате алармни и други уреди за заштита
2. За подвижен имот и други вредности
- Дали го осигурувате и објектот или само имотот
- Дали имате предмети што се поспецифични
- Дали се наоѓаат во ненаселен објект повеќе од 30 дена
- Дали сте потстанари
- Дали имате алармни и други уреди за заштита
- Претходно осигурување
3. За автомобилот
- Видот, марката,
- Новонабавната вредност на возилото
- Дополнителните покритија за багаж, опрема
- Претходното осигурување на возилото
- Заштита
4. За Вашето семејство
- Возраста на членовите на семејството
- Здравствената состојба
- Ризици за кои ќе одберете заштита
- Одбраните суми за осигурување по ризици
Тука може да го симнете образецот Понуда за комбинирано осигурување на семејствата, и да побарате бесплатно пресметка за осигурувањето.
За бесплатната пресметка и за повеќе информации како и за можностите за плаќање на премијата, поединечните попустите по видови, ќе Ви помогнат нашите агенти за осигурување, брокерите за осигурување и другите овластени лица, јавете се на телефон/факс: (02) 3 230 612 или на (02) 3 115 188 или дојдете во нашите простории.
|