Согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци, Акционерското друштво за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија Скопје врши обработка на лични податоци и/или збирки на лични податоци, односно преставува контролор на определени збирки на лични податоци. Друштвото (во понатамошен текст: Контролор), самостојно и/или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработката на лични податоци. Кога целите и начинот на обработката се определени со закон или со друг пропис, тогаш Контролорот ги обработува личните податоци со цел исполнување на права и обврски кои произлегуваат од конкретниот закон.
Кога податоците се прибираат од субјектот на лични податоци (субјект е секое физичко лице на кое се однесуваат обработените податоци) тој мора да биде информиран за: идентитетот на контролорот и неговиот овластен претставник во Република Македонија, ако го има; целите на обработката; корисниците или категориите на корисници на личните податоци; задолжителноста на давањата на одговорите на прашањата; можните последици ако не се даде одговор и постоењето на право на пристап и право на исправка на неговите лични податоци. Контролорот не го информира субјектот на лични податоци ако тој веќе е запознаен со претходно споменатите работи.
Кога податоците не се прибираат од субјектот на лични податоци, Контролорот во времето на евидентирање на личните податоци, а ако е предвидено личните податоци да бидат откриени на трето лице најдоцна до моментот кога податоците првпат се откриени, мора да го информира субјектот на лични податоци за: идентитетот на контролорот и неговиот овластен претставник во Република Македонија, ако го има; целите на обработката; категориите на податоци; корисниците или категориите на корисници на личните податоци и
- постоењето на право на пристап и право на исправка на податоците што се однесуваат на субјектот на лични податоци. Контролорот не го информира субјектот на лични податоци ако тој веќе е запознаен со претходно споменатите работи.
Субјектот на лични податоци може да побара од Контролорот да го информира:
Контролорот е должен да одговори на субјектот на лични податоци во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето за информирање. Кога контролорот одговорил на барањето на субјектот на лични податоци од ставот 1 на овој член, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеца од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.
Доколку субјекот на лиични податоци сака да побара информација во врска со претходно споменатото потребно е да го пополни следното барање Барање за информирање на субјектот на лични податоци. Барањето се доставува во печатена форма до архивата на Контролорот, по приемот на барањето Контролорот ќе одговори во рок од 15 дена.
Кога личните податоци се обработуваат за извршување на работи од јавен интерес или на службено овластување на Контролорот или на трето лице на кое му се откриени податоците, или податоците се обработуваат за исполнување на легитимните интереси на контролорот, трето лице или лице на кое му се откриени, освен ако слободите и правата на субјектот на лични податоци не преовладуваат над таквите интереси, субјектот на лични податоци има право да побара запирање на обработката на неговите лични податоци. Во случаите како претходно споменатите, ако барањето е основано, контролорот е должен да ја запре натамошната обработка на личните податоци. Субјектот треба да го достави следното барање: Барање за запирање на обработка на лични податоци во печатена форма до архивата на контролорот. По приемот на барањето контролорот задолжително ќе го извести субјектот на личните податоци за своето постапување.
Обработката на лични податоци за цели на директен маркетинг е дозволена само доколку личните податоци се обработуваат по претходно добиена согласност на субјектот на лични податоци, освен ако со друг закон поинаку не е предвидено.Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг. За повлекување на согласноста за обработка на цели на директен маркетинг, субјектот треба да го поднесе следниот документ: Повлекување на согласност. Барањето се поднесува во печатена форма до архивата на контролоророт. По приемот на барањето контролот задолжително ќе го извести субјектот на личните податоци за своето постапување.
По барање на субјектот на лични податоци, контролорот е должен да ги дополни, измени, избрише или да го сопре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци. За изменување дополнување, бришење субјектот до контролорот треба да го достави следното барање: Барање за дополнување, изменување, бришење или сопирање на користење на лични податоци. Барањето се доставува во печатена форма до архивата на контролорот. Во случај кога контролорот ќе утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише, независно од тоа дали субјектот на лични податоци има поднесено барање за дополнување или изменување на личните податоци. За извршеното дополнување, измена или бришење на личните податоци, контролорот е должен најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето писмено да го извести субјектот на лични податоци, корисниците на личните податоци или третите лица на кои им се откриени личните податоци, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошоци.
Согласно одлуката бр.0204-1541 од 25.10.2010 година, Првиот извршен директор назначи офицер за заштита на лични податоци. Офицерот за заштита на личните податоци ги врши работотите определени во член 26-а од Законот за заштита на личните податоци.
Изберете го вашиот јазик

QBE Makedonija
11 "Oktomvri" 25
1000 Skopje
Macedonia
tel+ 389 (0)2 3115 188
fax+ 389 (0)2 3114 020