Кјуби стапи на пазарот во Македонија во 2000 год. кога стана мнозински акционер во осигурителната компанија АДОР “Македонија”-Скопје.
Кјуби Македонија е водечки осигурувач во земјата и ја извршува дејноста преку својата Генерална дирекција во Скопје и повеќе експозитури низ целата територија во земјата.
Нашата компанија е ефикасна, фокусирана и финансиски стабилна компанија со големо познавање на домашниот пазар и со посветеност кон развивање на производите и иновации на услугите.
Компанијата обезбедува широк спектар на врвни решенија за осигурување и реосигурување насочени кон задоволување на потребите на деловните субјекти, големи корпорации, мали и средни претпријатија како и осигурувања за физички лица и домаќинства.
Нашиот тим е ангажиран за развој на имотните осигурувања, осигурување на последици од незгода, патничко осигурување, како и потрадоционалниот дел на осигурување моторни возила. Посебно се актуелни нашите деловни пакети и пакетот за семејства.
Посветени сме на ефикасно и проактивно работење со нашите агенти, брокери и другите партнери во процесот на осигурување, обезбедувајќи распространета мрежа и достапност на нашите производи до крајните корисници.
Преку постојан развој на производите и обезбедување на финансиски супериорна и квалитетна услуга при штетен настан остануваме Ваш прв избор за осигурување.
| Наши рекламни пораки | ||
|---|---|---|
| Овде можете да ја видите нашата реклама за Семејниот пакет. | ||
![]() |
![]() |
![]() |
Изберете го вашиот јазик

QBE Makedonija
11 "Oktomvri" 25
1000 Skopje
Macedonia
tel+ 389 (0)2 3115 188
fax+ 389 (0)2 3114 020